Бразилецот Бремер сака да игра за Италија а не за својата земја!

164

Стоперот на Јуве, Бразилецот Бремер по се изгледа дека нема да игра за својата земја туку за селекцијата на Италија. Бремер кој ова лето направи трансфер од Торино во Јуве и важи за еден од најдобрите стопери ќе земе италијанско државјанство со цел да игра за „аѕурите“. Ова нема да биде никаков проблем ако се знае дека тој досега нема ниту еден настап за својата родена земја, Бразил.

Неговата сопруга имала италијански корени па така Бремер на тој начин ќе дојде до италијански пасош.

Секако дека ова ќе го израдува селекторот Роберто Манчини, но дали знае Бремер дека Италија нема да игра на СП во Катар по заслуга на Македонија.

ПретходноТренер на колото: Срѓан Захариевски (Струга Трим Лум)
СледноФото на колото: Камерунецот Гандо го израдува Работнички!