Следниот викенд во Задар ќе се одржи фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига, а Е.Пелистер ќе биде единствениот македонски претставник. Битолчани во полуфиналето (2. септември) ќе ги одмерат силите со Веспрем.
Унгарскиот тим пред оваа пресметка одигра два пријателски натпревари, и тоа против Кил и Фленсбург, двата ги доби со 34-27 и 35-31. Со ова Веспрем најави дека е во страшна форма, а дека Е.Пелистер го чека тешка задача во историскиот настап на фајнл-форот во регионалното натпреварување.
Битолчани на 31. овој месец заминуваат за Задар, на 2. септември (20:30 часот) ќе го одиграат полуфиналето против Веспрем. Финалето на Ф4 се игра на 4. септември.