Во организација на Атлетскиот клуб „Охрид трчаТ“, а со поддршка на Триатлон Федерацијата на Македонија, викендов во Охрид се одржа прв натпревар во акватлон (пливање и трчање), кој воедно беше и Државно првенство.
Првото место во комбинираниот натпревар го оствари Игор Димовски од клубот Софка кој патеката ја помина за 15:15 минути, пред Евгениј Поп Ацев – Софка 15:19 м. и Кирил Дически – Триоџи 16:08 м., кои на крајот го освоија второто и третото место.
Во женска конкуренција кај сениорките најдобар резултат имаше Невена Попоска 26:08 минути, пред Марија Наумоска 30:31 м. Во категоријата Мастерс, во машка конкуренција победи Миомир Алексовски, додека во женска конкуренција најдобар резултат оствари Елизабет Каител.
Натпреварувачите беа поделени во шест категории од сениори до деца.