Големо, екстра засилување во редовите на Македонија ЃП. Од денеска и официјално нов член на „лавовите“ е Ѓорѓи Стоилов, довчерашниот фудбалер на Шкупи и еден од најдобрите играчи за врска во ПМФЛ.
Откако Стоилов се раздели со шамшионот, неговото име се поврзуваше со враќање во А. Пандев, имаше и преговори и разговори, но сепак тој се одлучи да ја прифати понудата и да дојде во Ѓорче.
Се разбира дека на Македонија ЃП по заминувањето на Сефер Емини во Данска и требаше таков профил на квалитетен играч во средниот ред.
Инаку Стоилов има 27 години, досега играл за Хоризонт Турново, потоа за А. Пандев, играше кусо и во Зира (Азербејџан) како и во Шкупи.