Изов го објави списокот за дуелите со Летонија и Австрија

279

Женската А репрезентација на Македонија ги продолжува европските квалификации за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд 2023 година.

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, на 1. септември (петок) нашите фудбалерки ќе ја пречекаат селекцијата на Летонија. Натпреварот почнува од 16. часот.

Во вториот натпревар од септемвриските квалификации, Македонија ја очекува гостински дуел против Австрија.

Мечот Австрија – Македонија ќе се одигра на 6. септември, со почеток во 20:30.

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов за квалификациските средби, ги повика следните фудбалерки:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Викторија Панчурова (Тиверија);

Одбрана: Драгана Костова (Каменица Саса), Павлинка Николовска (Каменица Саса), Елена Петровска (Љуботен), Викторија Недева (Тиверија), Ана Милчевска (Истатов Кул), Теодора Ѓорѓиевска (Истатов Кул), Христина Јошевска (Љуботен), Јулија Живиќ (Сплит);

Среден ред: Александра Јовановска (Истатов Кул), Мила Талевска (Каменица Саса), Ленче Андреевска (Каменица Саса), Марјана Нацева (Борусија Дортмунд), Теа Божиновска (Ријека), Хава Мустафа (Шкендија), Александра Марковска (Скопје), Наташа Андонова (Леванте), Елма Шемсовиќ (Каменица Саса);

Напад: Оливера Цоклеска (Ас Јунајтед), Улза Максути (Ас Јунајтед),  Бојана Петкова (Истатов Кул), Салији Шкипе (Хесен Мулхајм. Германија), Гентјана Рочи (Купс, Финска);

Тренинг базата на нашата женска селекција е во хотел Истатов, Нов Дојран.

ПретходноУтрово напаѓачи го претепале и ограбиле Обамејанг во неговиот дом во Барселона
СледноДали Австриецот од РБ Лајпциг ќе биде изборот на Клоп за засилување во средниот ред?