Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, вчера со два гола успеа да му донесе нова победа на Тотенхем во премиерлигата, а себе си да си обезбеди место во историјата. Имено, голгетерот на лондончани се искачи на третото место на вечната листа на најдобри стрелци во Премиер лигата.
Кејн сега има 187 постигнати гола во Премиер лигата. Повеќе од него во моментов имаат само Вејн Руни (208) и Алан Ширер (260).
Кејн во минатото коло го собори рекордот на поранешниот играч на Манчестер Сити, Серхио Агуеро по бројот на постигнати голови во англиската Премиер лига за еден клуб. На натпреварот од 3. коло со Вулверхемптон, Кејн успеа да го постигне 185. гол во дресот на Спарс.