Кој можеше да претпостави: Финска е првата европска репрезентација која се пласираше на СП 2023

449

Од нив можеби најмалку се очекуваше, но тие веќе го обезбедија своето место на Светското кошаркарско првенство следната година. Репрезентацијата на Финска првата европска репрезентација која си гарантираше пласман на Мундобаскетот 2023.

Во осмиот натпревар од квалификациите за Светското првенство, Финска ја победи репрезентацијата на Естонија со 76:68 со што обезбедија 15 бода и само поради победата на Шведска над Израел (95:83), тие обезбедија билет за Светското првенство.

Финска во меѓусебните дуели е подобра и од Словенија и од Шведска и го дели првото место во групата со Германија. За оваа репрезентација настапот на Мундобаскетот 2023 ќе биде само второ учество на светските шампионати во историјата, откако првпат учествуваа во 2014 година.

ПретходноКејн си обезбеди место во историјата на Премиер лигата
СледноДимовски и Попоска победници на акватлонот во Охрид