Кога заигра за Милан во 2017 година по првите неколку натпревари го сметаа за голема надеж на италијанскиот фудбал или идниот Филипо Инзаги, поради тоа што како „џокер“ постигнуваше важни голови.
Меѓутоа како што одминуваше времето, тој уназадуваше наместо да се крева нагоре. Остана во Милан три сезони, а потоа „росонерите“ го продадоа во Вулверхемптон. А таму се „изгуби“, на полусезоната го позајмија во Фиорентина, се врати назад, па пак отиде на позајмица во Фиорентина, па на позајмица во Валенсија но не се изнаигра.
Минатата сезона играше како позајмен во Емполи (28 меча, само три гола).
Откако „расчисти“ со Вулверхемптон, сега како слободен фудбалер потпиша за нов клуб. Се обврза на тригодишен договор со второлигашот Комо.
Неговиот клуб има две ремија на стартот на Серија Б, а вечерва игра со Бари.