Еден од главните фаворити за освојување на штотуку стартуваниот УС Опен, Данил Медведев со добар меч го стартуваше овој турнир со 3:0 победа над домашниот тенисер Козлов.
Русинот славеше со 6:2 во првиот сет, а во вториот Козлов успеа да стигне само до 4:4, а потоа фаворитот стигна до 6:4 и 2:0. Последниот сет веќе беше рутина и добен во 6:0.
Енди Мареј успешно го стартуваше настапот на овој гранслем турнир, триумфирајќи на премиерниот меч со 3-0 во сетови над Черундоло.