Реал Мадрид остана максимален, Бензема донесе триумф! (ВИДЕО)

256

 

Во меч од 3.коло во Ла Лига, Реал Мадрид со 1:3 успеа да го победи Еспањол како гостин. Па така европскиот и шпански шампион,во новата 2022/23 сезона остана максимален. Трет меч и трета победа.

Сепак “кралевите“ како да не можат без драми. Да, Реал Мадрид победи, но треба да се каже дека до 88.минута резултатот беше 1:1, но тогаш на сцена стапува Карим Бензема и со два гола успева да донесе триумф на својот тим.Прво по асистенцијата на Родриго, а после  во 90+10.минута кога од слободен удар прецизно шутираше во мрежата на Еспањол.

Инаку Винициус во 12.минута донесе водство на “кралевите“,но домашниот состав во 43.минута преку Жоселу успеа да израмни.

ПретходноМурињо го убеди и го донесе Белоти во Рома
СледноКејн си обезбеди место во историјата на Премиер лигата