ТИМ И ИГРАЧ НА 4.КОЛО: Малески е херојот на стружани

485

Иако има само 20 години, Христијан Малески е херојот на Струга Трим Лум во ова 4.коло. Коло во кое токму Малески беше во главна улога на супер-дербито кое се одигра во Струмица меѓу Шкендија и Струга ТЛ. Прво во 45.минута го “натера“ Цаке да стартува врз него за црвен картон, а потоа во 50.минута по еден супер продор му донесе водство на својот тим. Потоа се беше полесно за Струга ТЛ во дербито и победата со Шкендија.

Покрај Малески во тимот на колото од Струга ТЛ се и голманот Ќосевски, потоа Илиески и Ибраими. Сенгор со победа се прости од Шкупи, а покрај него на мечот со Скопје добро одигра и Хамиди. Коцев беше добар во одбраната на Брегалница, а Алтипармаковски стрелец на победничкиот гол против Македонија ЃП. Велиновски постигна супер гол за А. Пандев во Кратово, а во редовите на Работнички против Тиквеш одлични беа Алими и Рушевиќ.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

 ХРИСТИЈАН МАЛЕСКИ

 Тим: Струга Трим Лум

 Роден: 04.05.2002 во Струга

 Кариера: Струга ТЛ

 

 

 

 

ПретходноОпштина Аеродром со помош од 1.200.000 денари за Вардар!
СледноЛуд преоден рок на Нотингем: Си донесоа трет лев бек ова лето