Трансфер во Грција: Ашковски се договори со Ламиа!

389

Стефан Ашковски (30), репрезентативецот на нашата најдобра фудбалска репрезентација свијата кариера ќе ја продолжи во Грција, во тимот на Ламиа кој настапува во елитната лига на нашиот јужен сосед.

Како што велат нашите информации, трансферот речиси е реализиран во целост, останува само да се допрецизираат некои детали. Најважно е што нашиот фудбалер веќе кажал ДА. Тоа значи дека во следната сезона Ашковски ќе игра во Грција, како што рековме, во тимот на Ламиа.

Инаку Ашковски досега беше член на Сепси од Романија, а претходно играше и за екипите на Славија Софија, Ботошани, Горњик Лечна, Фортуна Ситард, Партизан, Нови Пазар, Шкендија, Напредак, Стромгодсет, Телеоптик, а своите први фудбалски чекори ги направи во младинската школа на Вардар.

ПретходноЕкстра засилување: “Лавовите“ го претставија Ѓорѓи Стоилов! (ФОТО)
СледноВеспрем во страшна форма пред пресметката со македонскиот вицепрвак!