Фудбалерот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг, доживеал насилен грабеж утрово во неговиот дом во Кастелдефелс (Барселона). Според полициски извори, најмалку четворица мажи влегле во градината од неговата куќа, му се заканувале со огнено оружје и железни шипки, па го претепале.
Крадците ги заплашувале и жртвата и неговата сопруга со оружје, додека не успеале да отворат сеф од кој одзеле накит. Крадците, според неколку сведоци, побегнале со бело Ауди А3.
Грабежот се случил околу еден часот по полноќ. Сопругата на Обамејанг ја известила полицијата за тоа што се случило, велат полициски извори.
Ова не е прв пат да биде ограбен дом на фудбалер, но крадците обично влегуваат во куќата кога знаат дека тој и неговите не се дома.