Аиме Марселин Гандо Биала (25) вчера имаше феноменално деби во дресот на Работнички. Не само што Камерунецот одигра одлично против Тиквеш, туку во 44.минута постигна и убав гол за 2:0.
Секако дека по голот неговата радост беше голема, но според форографијата радоста на неговите соиграчи беше уште поголема.
А како и не би била ако се знае дека ова е прва победа, први три бода за тимот од Градски парк во новата сезона.
По се изгледа дека требаше да дојде Гандо за да Работнички победи.