Челзи на својата официјална страница објави раскин на договорот со фудбалерот од средниот ред Рос Баркли. Англискиот репрезентативец дојде во Челзи од Евертон во 2018 година за 16,8 милиони евра, но во последните сезони не игра. Во сезоната 2020/21 беше позајмен на Астон Вила, a минатата сезона запиша само шест натпревари во Премиер лигата.
Баркли сега е слободен фудбалер и е во потрага по нов клуб. Се спомена Евертон, но неговиот поранешен клуб се огласи дека не го сака.