Атаман збесна по поразот: Србите се бранеа како да играат американски фудбал, а не кошарка!

1673

Ергин Атаман, селекторот на Турција по поразот од Србија (79-72) одржа интересна прес-конференција. Тој се пожали на судиите, кои според него имале голем број на грешки, особено во последните моменти.

„Мислам дека одлуките на судиите во последните три минути се неверојатни. Беа на наша штета, не можат така да не ја почитуваат Турција. Се надевам дека централниот судиски комитет во ФИБА особено ќе ја анализира последната четвртина од овој натпревар. Србите бранеа како да играат американски фудбал, а не кошарка, а судиите ја решија судбината на натпреварот“, изјави бесниот Атаман,

Трагичар во редовите на Турција беше охриѓанецот Чеди Осман, кој направи две лични грешки во напад.

Србија со оваа победа остана во игра за пласман на СП 2023 година, се наоѓа на третото место со победа помалку од Грција, исто како и четвртопласираната селекција на Белгија.

ПретходноКавани има нов тим, доаѓа во Ла Лига!
СледноСудиска анализа за ПМФЛ и ВМФЛ: Судиите добро си ја одработиле својата работа