Бензема ова го чекаше 13 години… (ВИДЕО)

303

Карим Бензема е “кралот“ на Реал Мадрид. Тоа синоќа на гостувањето кај Еспањол уште еднаш го покажа и тоа на дело. Се играше 88.минута кога при резултат 1:1 му донесе водство на својот тим, за да во 100-та минута со убав гол од слободен удар стави точка за 1:3.

Интересно, овој момент Бензема го чекаше цели 13 години, уште од 2009 година откако тој е член на “кралевите“. Имено тој никогаш не постигнал гол од слободен удар како играч на Реал во Ла Лига, и ете вчера и тоа се случи.

Ова беше негов 418 меч во Ла Лига и 221 гол, и прв од слободен удар.

Неговата радост не можеше да биде поматена и поради фактпт дека на голот на домашниот состав не беше голманот Лекомт туку фудбалерот Лендро Кабрера па на капитенот на “кралевите“ работата му бепше олеснета.

Ете, по цели 13 години чекање Бензема дочека да се радува на гол од слободен удар.

Голот е на 2.33 минути на видеото.

 

ПретходноСловенија го објави конечниот список за одбрана на европскиот трон!
СледноТренер на колото: Срѓан Захариевски (Струга Трим Лум)