Братот и другари од детството го киднапирале Погба за да му изнудат 13 милиони евра!?

416

Француската фудбалска ѕвезда од екипата на Јувентус, Пол Погба, им рекол на истражните органи дека неговиот брат Матијас е дел од екипата која се обидува со уцена да му извлече 13 милиони евра, јавија уште синоќа дел од француските меидуми.

Утрово стигнаа и дополнителни вести дека неговиот брат Матијас објавил видео на социјалните мрежи, каде што тврди дека се разоткриваат важни информации за неговиот брат, за Килијан Мбапе и за агентот Рафаел Пимента. Недолго потоа, Пол Погба објави официјална изјава во која потврди дека бил предмет на обид за уцена.

Француското обвинителство покрена истрага за можен „обид за уцена од организирана банда“, а Матијас Погба потоа на социјалните мрежи тврдеше дека „медиумите се обидуваат да ги заршат работите“ и дека неговиот брат „ги излажал италијанските власти“.

Сепак, „ Франс инфо “објави нови детали за француската истрага. Пол Погба, наводно, им рекол на инспекторите од Одредот за организиран криминал дека привремено бил киднапиран од пријатели од детството и двајца мажи со качулка вооружени со пиштоли. Според неговите зборови, бандата му барала 13 милиони евра и оттогаш неколку пати го заплашувала, вклучително и во тренинг центарот на Јувентус во Торино, каде на полицијата и рекол дека меѓу осомничените го препознал и неговиот брат Матијас Погба. Киднапирањето се случило меѓу 25 и 29 март, кога француската репрезентација беше домаќин на Брегот на Слоновата Коска и Јужна Африка на пријателски натпревари. Неговите пријатели потоа, наводно, го одвлекле во стан во Париз, каде што го обвиниле дека не им помогнал финансиски откако станал професионален играч. Меѓу нив, двајца вооружени лица побарале 13 милиони евра за „остварени услуги“, тврдејќи дека дискретно го штителе 13 години.

ПретходноДимовски и Попоска победници на акватлонот во Охрид
СледноТренерот на Елмас тргна да се тепа со навивач на Фиорентина (ВИДЕО)