Неверојатен летен преоден рок во Нотингем Форест. Повратникот во Премиер лигата се засили со 20 фудбалери, а најновото засилување е бразилскиот лев бек Ренан Лоди. Повремениот бразилски репрезентативец го напушти Атлетико Мадрид после три години, па одлучи да оди во Нотингем Форест.
Атлетико, сепак, не се откажал од него, прво го продолжи договорот до 2026 година и потоа го прати на позајмица во Нотингем. А „шумарите“ за наемот ќе платат 5 милиони евра, но исто така имаат и опција да го откупат договорот за 30 милиони евра.
Инаку Лоди е дури трет лев бек кој Нотингем го купи ова лето. Претходно се купени Хари Тофоло од Хадерсфилд за 2,4 милиони евра и Омар Ричардс од Баерн за 8,5 милиони евра.
Нотингем потроши преку 155 милиони евра на засилувања ова лето…