Агентот на Кристијано Роналдо уште еднаш се јавил во Челзи за да го понуди Португалецот на лондонскиот тим, пишува весникот „Индепендент“. Според изданието, Жорге Мендеш, агентот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, повторно го контактирал лондонскиот клуб и се обидел да издајствува разговор и со менаџерот на тимот Томас Тухел, кој се чиние е единствената пречка Роналдо да се пресели на „Стемфорд Бриџ“.
Тухел веќе извесно време одбива да зборува на оваа тема, зато ашто смета дека Роналдо не му треба во тимот. Неговата позиција е јасна и како што велат извори од клубот, тој добил директна информација за Роналдо од поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, кој му препорачал да внимава што прави.
Роналдо нема постигнато гол на четири натпревари во Премиер лигата оваа сезона со Манчестер Јунајтед, а само еднаш беше стартер во тимот на Тен Хаг.