Тренерот на Елмас тргна да се тепа со навивач на Фиорентина (ВИДЕО)

328

Наполи на нашиот Елмас синоќа одигра меч без голови против Фиорентина и не успеа да ја продолжи победничката низа започната со првите два меча оваа сезона. Иако мечот не беше премногу возбудлив, како што покажува и резултатот, сепак еден момент го сврте вниманието на јавноста.

Имено, тренерот на клубот од Неапол, Лучијано Спалети влезе во конфликт со еден навивач на Фиорентина кој цел натпревар го навредуваше од трибините стоејќи зад клупата на наполитанците. Темпераментниот стручњак не можел повеќе да издржи, па решил да се справи со него „еден на еден“.

Спалети се искачи на оградата на трибините каде вербално се судри со навивачот, му се закануваше со прст, додека обезбедувањето само ја следеше ситуацијата. Спалети дури доби удар по глава.

Навивачот почна со рака да го удира тренерот на Наполи, а успеа малку да го фати со прстите, додека еден од навивачите фрлил и пластично шише во правец на Спалети и го погоди. И фудбалерите на Наполи дојдоа да го смират својот „шеф“, за на крајот се да се заврши без сериозен конфликт.

ПретходноБратот и другари од детството го киднапирале Погба за да му изнудат 13 милиони евра!?
СледноПСЖ го договори трансферот на Фабијан Руиз