Алиоски: Елмас не ме убеди да дојдам во Фенербахче, одамна сакав да играм во Турција

393

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски летово од Саудиска Арабија се пресели во Турција и тоа во Фенербахче. Неколку турски медиуми посочија дека Алиоски дошол во редовите на истанбулскиот гигант поради Елиф Елмас кој го убедил, но Езџан вели дека не е така. Тој додава дека одамна сакал да игра во турската Супер лига и дека пред една година требало да дојде во Фенербахче но работата се изјаловила.
Елиф ми е близок пријател од националниот тим на Македонија. Секако дека разговарав со него пред да дојдам во Фенер, но не е точно дека тој ме убедил да ја прифатам понудата. Јас и претходно сакав да дојдам во Турција. Тој е ептен талентиран фудбалер кому му посакувам се најдобро во кариерата, а кој само ми честита на трансферот. Ништо повеќе од тоа“, изјави Алиоски.

Инаку, сакав да дојдам во Фенербахче уште лани, ама тоа не се случи. Отсекогаш сонував да играм за овој голем клуб. И кога навистина посакуваш некои нешта, може да се случат. Кога чув дека Фенербахче е заинтересиран за мене веднаш посакав да одам таму. Убаво е да си во овој клуб“,рече македонскиот фудбалер.

ПретходноДаниел Миловановиќ е нов фудбалер на Тиквеш
СледноЕкс-играч на Струга ТЛ направи трансфер во кинески Далиан