Поранешниот фудбалер на Струга Трим Лум Немања Босанчиќ летна за далечниот Исток каде што потпиша за локалниот суперлигаш Далиан. Босанчиќ претходните две сезони играше за Струга, потоа како слободен играч отиде во фински Лахти каде што се задржа нецели два месеци, а сега отиде во кинескиот клуб кој, неофицијално, за него ќе плати 400.000 евра.
Инаку тој е српски интернационалец, а во Струга дојде од Инџија.