Еден од најдобрите шахисти на сите времиња Магнус Карлсен кој е голем фан на Реал Мадрид откри неверојатни работи кога се во прашање кралскиот клуб и Кристијано Роналдо.
Покрај шахот, негова голема љубов е и фудбалот, а никогаш не криел дека е голем фан на Реал Мадрид. Карлсен ја користеше секоја прилика да го проследи натпреварот на кралскиот клуб и често гостуваше на Сантијаго Бернабеу.
Норвежанецот во гостувањето на еден подкаст ги шокираше сите кога призна дека едноставно бил принуден да каже дека Роналдо е најдобриот играч на сите времиња. Карлсен изјави дека навистина не мисли така.
„Мислам дека е тешко да се спореди некого со Лионел Меси. Бидејќи сум навивач на Реал Мадрид, претпоставувам дека повеќе би сакал Кристијано Роналдо. Секогаш ми се допаѓал Роналдо како фудбалер, но секогаш мислев дека Меси е подобар“, изјави Карлсен и продолжи.
„Отидов на неколку натпревари во Мадрид во претходните години и тие секогаш ми беа прекрасни. Единственото нешто што ме нервираше беше кога требаше да дадам интервју за клупската веб-страница бидејќи секогаш морав да го споменувам Роналдо.
Кога ме прашаа кој е најдобар играч за мене, морав да кажам Роналдо. Ако кажам некој друг како Иско, тие само ќе застанат и ќе ми кажат „Ок, втор обид, сега кажи Роналдо“. За нив тоа беше многу важно е дали создаваат таква слика околу Роналдо, но јас не гледав така“.
🗣♟ Magnus Carlsén, the greatest chess player of all time and also a Real Madrid fan, admits Messi is the best ever, but also how he was forced to say Ronaldo was his favourite.. 😳👀
(yt; lex fridman) pic.twitter.com/cHTjKP4rc3
— mx (@MessiMX30iiii) August 28, 2022