Утре од 13 часот во седиштето на УЕФА во Нион од 13 часот е закажана ждрепката за првата рунда од новиот циклус натпревари во Младинската лига на шампиони.
Со освоената титула во нашиот младински шампионат, младинците на Победа ќе ја претставуваат Македонија во ова престижно натпреварување на најдобрите младински фудбалски колективи на Стариот континент.
Првите мечеви на фудбалерите родени 2004-та и помлади, на програмата се на 14 септември, а реваншите од прелиминарната рунда на 5 октомври.
Според првичната поделба на шеширите, Победа е во 2-та група заедно со екипите на АЗ Алкмар (Хол), Хиберниан (Шко), Молде (Нор), АИК Стокхолм (Шве), Расинг Унион (Лук), Шамрок (Ирс) и Колерајн (С. Ирс).