И официјално, Бразилецот Антони е нов член на Манчестер Јунајтед. Ова попладнево го потврдија и од страна на клубот од „Олд Трафорд“ кои го потврдија трансферот од Ајакс во нивниот клуб на Бразилецот за кој Јунајтед плати 100 милиони евра. Со тоа заврши трансфер – сагата околу овој одличен напаѓач кој беше голема желба на стратегот на Јунајтед Ерик Тен Хаг.
Се разбира дека со Антони нападот на Јунајтед ќе биде уште посилен, но затоа сега се поставува прашањето каква ли ќе биде судбината на Роналдо.
An agreement has been reached for the transfer of @Antony00 🤝🔴#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) August 30, 2022