Неверојатно, но такви се најавите или плановите. Имено во Германија, во тамошните фудбалски кругови, се навестува дека би можело да дојде до тотална промена на календарот. Фудбалската сезона да почне во март и да трае до ноември, значи да има зимска пауза од речиси 3-4 месеци.
Што ќе кажат на ова спознорите, самите навивачи и фудбалски клубови, останива да се види. Но ова се планира ако продолжи светската криза со енергенсите и војната во Украина.
Имено пресметано е дека ќе се заштеди многу електрична енергија ако не се палат рефлекторите на натпреварите на Бундеслигата, не се загреваат терените среде зима како и седиштата. Едноставно ќе се оди на тотална заштеда на елекстрична енергија.
Инаку познато е дека во Германија сезоната почнува од август и трае до ноември, па потоа следува пауза а пролетната полусезона почнува во февруари и трае до мај.