Фарук Бихорац, стоперот од Србија кој во овој летен преоден рок дојде во Силекс и тоа од А. Пандев, не е веќе член на кратовци. Интересно, по само два месеци престој во Кратово, Бихорац одлучи да си замине и да си побара друга средина.
Инаку Бихорац во Македонија дојде минатото лето, и тоа во редовите на А. Пандев. Беше еден од подобрите во таборот на на „пандевци“ минатата сезона и малку чудно беше што направи трансфер во Силекс.
Но, ете, во Кратово дефанзивецот од Нови Пазар не се задржа многу, издржа само два месеци и сега е во потрага по нов клуб.