Струмичкиот прволигаш Академија Пандев и официјално ги потврди најавите на СПОРТМЕДИА од пред два дена.
Нов член на клубот е аргентинскиот централен бек Федерико Акоста. Се работи за фудбалер висок 1,85 метри кој кариерата ја почнал во пониските лиги на Аргентина, играл и во Гибралтар за тимот на Бока Гибралтар, а изминатите две сезони играл за италијански екипи од пониските лиги, со тоа што последен клуб му бил Бавено.