„Биковите“ го откачија Ливерпул: Лајмер не е на продажба

99

Ливерпул ќе мора да бара друг играч како засилување во средниот ред, со оглед на тоа што РБ Лајпциг им најавил дека не планира да го пушти Конрад Лајмер.

Фабрицио Романо денеска објави дека германскиот бундеслигаш им кажал на преставниците на Ливерпул воопшто да не се мачат да испраќаат понуди за Лајмер.

Ливерпул се надеваше дека ќе го добие 27-годишниот австриски репрезентативец по ниска цена бидејќи неговиот договор истекува следното лето.

ПретходноДарко Велковски е нов фудбалер на Ал Етифак од С. Арабија
СледноМладинците на Победа утре ќе го дознаат противникот во ЛШ