Валтер пред СЕХА Ф4 турнирот: Треба да одиме таму и да играме слободно, тоа е нашата шанса

134

Ракометарите на Е. Пелистер ќе бидат македонска надеж на завршниот турнир од СЕХА лигата оваа сезона. Пред заминување за Задар, новиот предводник на битоласкиот состав, Ларс Валтер сподели свои размислувања за она што ги очекува на Ф4 турнирот.

„Навистина беше фантастично на дуелот со Мешков Б. Фановите ја завршија работата и беше многу важно за нас да имаме таква поддршка. За мене посебно беше емотивно, беше фантастично. Наша цел беше да стигнеме до Ф4 турнирот и сега имаме голем предизвик за мечот со Веспрем, еден од најдобрите светски клубови. Треба да одиме таму и да уживаме, да играме слободно. Тука ја гледам нашата шанса“, вели новиот стратег на битолските „зелно-бели“.

Во петок во полуфиналето на СЕХА Ф4 турнирот во Задар, Е. Пелистер од 20.30 часот ќе го одигра мечот за финале против големиот фаворит унгарски Веспрем.

ПретходноКире Ристевски го раскина договорот со АЕЛ Лимасол
СледноШампионот во бледо издание, Сасуоло промаши пенал за победа