Гостивар остана без тренер: Дерелиоглу си поднесе оставка

2614

Еден од најамбициозните второлигашки состави оваа сезона во ВМФЛ, екипата на Гостувар по само две кола остана без тренер.

Како што објавија во кусото соопштение од клубот, досегашниот предводник на гостиварчани, Октај Дерелиоглу си поднел оставка на позицијата и веќе од утре нема да ги води тренинзите на тимот.

Клупското раководство веќе во наредните денови треба да излезе со ново тренерско решение.

ПретходноМитровиќ не запира: Петти гол за Србинот, втора победа за Фулам (ВИДЕО)
СледноЧелзи со пресврт поразен од Саутемптон (ВИДЕО)