Дарко Велковски е нов фудбалер на Ал Етифак од С. Арабија

663

Уште еден македонски фудбалски репрезентативец замина за Саудиска Арабија. По Алиоски (сега игра во Фенербахче) и Александар Трајковски, и стоперот Дарко Велковски се сели во саудискиот шампионат.

Негов нов клуб ќе биде екипата на Ал Етифак. Како што потврдија од клубот Велковски потпишал договор на една сезона, со опција за продолжување на уште една.

27-годишниот Велковски, по завршувањето на соработката со хрватската Ријека, имаше неколку понуди, но се реши да се проба во Азија.

ПретходноЃорговски: Веспрем е великан, ќе дадеме максимум
Следно„Биковите“ го откачија Ливерпул: Лајмер не е на продажба