Две нови засилувања во Пелистер

389

Екипата на Пелистер продолжува со создавање на составот за новата сезона, во која покрај домашните обврски ќе настапува во АБА2-лига.

Ново име во редовите на битолскиот тим е Донте Карутерс. Станува збор за 27-годишен кошаркар настапува на плејмејкерската позиција. Минатата сезона го носеше дресот на Широки Бријег. Во АБА2-лига имаше просек од осум поени и четири асистенции по натпревар.

Пелистер „пазареше“ и од ТФТ, се договори со Иван Сапунџиев. Минатата сезона во домашното првенство имаше просек од 4.5 поени и 1.5 скока.

ПретходноАкадемија Пандев го официјализираше Аргентинецот!
СледноПроблем за Давид Бабунски: Дебрецин не смета на Македонецот!