Митровиќ не запира: Петти гол за Србинот, втора победа за Фулам (ВИДЕО)

189

Неверојатниот српски голгетер Александар Митровиќ со својот петти премиерлигашки гол во новата сезона го однесе Фулам до втора сезонска победа. Вечерва во првите два меча од 5. коло, Фулам на домашен терен славеше со 2:1 против Брајтон, додека Кристал Палас и Брентфорд одиграа нерешено 1:1.

Митровиќ ја продожи фантастичната низ апогодоци од почетокот на сеозната погодувајќи вечерва за водство на домашните од 1:0. Фулам зголеми на 2:0 благодарение на автоголот на Данк, додека единствениот гол за гостите од пенал го постигна МекАлистер.

ПретходноМладинците на Победа утре ќе го дознаат противникот во ЛШ
СледноГостивар остана без тренер: Дерелиоглу си поднесе оставка