Денеска е голем ден за сите во Сао Пауло, еден од најголемите клубови во Бразил, и тоа поради фактот дека Ајакс и Јунајтед и официјално имаат договор за трансфер на Антони. Договор кој вреди 100 милиони евра. Тоа значи дека Сао Пауло ќе добие 20 милиони од трансферот ако се знае дека бразилците имаат таков договор со Ајакс, следниот трансфер на Антони да биде 20% за нив. Тука се и парите од солидарниот фонд во висина од 3,5 милиони евра. Исто така Сао Пауло ќе добие 2,8 милиони евра од трансферот на Касемиро од Реал Мадрид во Јунајтед.
Значи околу 25 милиони евра ќе се слеат во касата на еден од најпознатите клубови во Бразил и тоа поради фактот дека Антони и Касемиро потекнуваат од Сао Пауло.