Проблем за Давид Бабунски: Дебрецин не смета на Македонецот!

2447

Новата сезона во елитниот шампионат на Унгарија почна со големи проблеми за Давид Бабунски, играчот за врска на Дебрецин и член на нашата репрезентација. Имено повозрасниот од браќата Бабунски во моментов тренира со Б-тимот на Дебрецин и него му е кажано дека во блиска иднина не се смета на неговите услуги. Па така Давид во изминатите пет натпревари колку што Дебрецин одигра во новата сезона не беше ниту меѓу резервите.

Сето ова значи дека Давид Бабунски ќе мора да си побара нова средина. Уште поголем проблем е што тој има важечки договор со унгарскиот тим, но има и висока плата па така тешко може да се најде клуб кој би ги прифатил неговите услови. Како што дознаваме во моментов неговите менаџери работат на заминување во друга средина.

А ова доаѓа откако ова лето во Дебрецин се смени речиси цела управа на клубот, има нов спортски директор, потоа нов тренер кој си има своја концепција. Интересно е што Доријан Бабунски, помалиот од браќата, остана во првиот тим, но добива далеку помала минутажа од минатата пролетна полусезона.

Штета за Давид, посебно ако се знае дека тој во Дебрецин фудбалски се врати, следуваше враќање и во А-ререзентацијата, селекторот Благоја Милевски го повика за настапите во Лигата на Нации.

Но по ова нова „епизода“ во Дебрецин, тешко дека Давид Бабунски би добил повик за претстојните мечеви на А-селекцијата во септемврискиот циклус.

ПретходноДве нови засилувања во Пелистер
СледноПо само два месеци престој во Кратово: Фарук Бихорац раскина со Силекс!