Серена со дијамантски фустан и победа го воодушеви Њујорк(ВИДЕО)

279

Серена Вилијамс одсекогаш била фаворитот на американската публика, особено кога станува збор за УС Опен. Од другастрана пак со оглед на нејзината возраст но пред се форма ова дефинитивно е нејзиниот последен Гренд Слем во Њујорк, а тоа и самата го најави.

Вчерашниот нејзин меч на отворањето на турнирот можеше воедно да биде и последен за Серена на УС Опен во кариерата, па таа настапи во голем стил на него. Ја победи рутински Данка Ковиниќ 6:3, 6:3 пред преполниот „Артур Еш“ стадион.

Публиката и порача „Серена те сакаме“, а таа пак настапи во опрема со шест слоја која што означуваше шест титули на УС Опен.

 

ПретходноСтефан Спировски ќе му биде соиграч на Радески!
СледноТиквеш ќе игра хуманитарен меч со Олимпијакос за децата без родители!