Сити повторно купува – го пикирал Аканџи

153

Одбранбениот фудбалер на Борусија Дортмунд Мануел Аканџи може да ја продолжи кариерата во Манчестер Сити, пренесува „The Athletic“. Швајцарскиот репрезентативец и неговиот агент веќе разговарале со луѓето од Сити околу условите и можноста да се пресели на „Етихад“.

Неофицијално сумата која Манчестер Сити би ја платил на Борусија Дортмунд изнесува 17,5 милиони евра. Аканџи минатата сезона одигра 36 натпревари со ефект од еден гол и три жолти картони.

Пред да дојде во Борусија, Аканџи играше за Базел и Винтертур.

ПретходноТалентот на Челзи Хадсон-Одои потпиша за „фармацевтите“ од Леверкузен
СледноКире Ристевски го раскина договорот со АЕЛ Лимасол