Скот Паркер не е повеќе тренер на Борнмут

126

Откако доживеа невиден дебакл изминатиот викенд во Премиер лигата и загуби од Ливерпул со 9:0, тимот на Борнмут му врачи отказ на досегашниот тренер, Скот Паркер.

Ова беше трет пораз на тимот во серија, во кој има гол разлика од 0:16 по што беше јасно што ќе се случи со досегашниот менаџер.

„Му се заблагодаруваме на Скот за неговата работа и за кам бекот во Премиер лигата што е исклучително голем успех. Сепак, за да продолжиме со добрите резултати ќе мора да имаме иста визија. Оваа одлука е во таа насока“ –  изјави претседателот Максим Демин. Клубот засега ќе го води помошниот тренер Гери О’Нил.

Foto: Profimedia
ПретходноСимеоне: Гризман се појави на теренот кога најмногу ни требаше
СледноСтефан Спировски ќе му биде соиграч на Радески!