Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски наскоро треба да биде промовиран како ново засилување на Пјуник. Станува збор за тим за кого настапува уште еден наш фудбалер, Марјан Радески.
Спировски настапуваше за МТК, но неговиот договор истече на крајот на минатата сезона. Ерменскиот клуб ќе биде неговата нова дестинација.
Пјуник ќе игра во групната фаза во Лигата на Конференции, што ќе биде одлична шанса за Спировски, кој во својата кариера има настапувано за Пелистер, Работнички, Вардар, како во странство за Мариупол, АЕК Ларнака, Хапоел Тел Авив, Ференцварош, Берое, Борац Чачак.