Талентот на Челзи Хадсон-Одои потпиша за „фармацевтите“ од Леверкузен

126

Англискиот крилен напаѓач Калум Хадсон-Одои одлучи да го напушти Челзи и да ја прифати понудата на Баер Леверкузен и со тоа ќе ја продолжи кариерата во Бундес лигата. 21-годишниот фудбалер е свесен дека ако остане во Челзи нема да се изнаигра, па затоа отиде да бара минутажа во Баер Леверкузен и со тоа ќе има поголеми шанси да избори место во англиската репрезентација за СП во Катар.

Хадсон-Одои е дете на Челзи, дебитираше за првиот тим во 2017 година и до сега одигра преку 120 натпревари за „сините“ од кои 72 во Премиер лигата. Минатата сезона настапи на вкупно 28 натпревари, а оваа сезона не заигра на ниту еден меч.

Тој има и три настапи за Англија.

ПретходноИсаевски повторно ќе игра за Македонија ЃП
СледноСити повторно купува – го пикирал Аканџи