ГРК Тиквеш протдолжува со подготовките за новата сезона. Кавадаречкиот тим во салата „Јасмин“ ќе ги одмери силите со Олимпијакос, меч кој е закажан на 2. септември.
Оваа средба ќе биде од хуманитарен карактер, собраните средства ќе бидат наменети за донација на „Мал Групен дома за деца без родители“.
„ГРК ТИКВЕШ 2014 во Петок, 02.09, со почеток во 18 часот, ќе одигра пријателски натпревар со екипата на РК Олимијакос. Средствата кои ќе бидат собрани се наменети за донација на ,,МАЛ ГРУПЕН ДОМ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ”.
Да ја покажеме нашата хуманост. Да подадеме рака онаму каде е најпотребно.
Се гледаме во с.с. Јасмин, Кавадарци“, информираат од ГРК Тиквеш.