Мала промена на планот. Имено за 23 и 26 септември беше предвидено нашата У-21 селекција да одигра две пријателски средби со младата репрезентација на Албанија и тоа во Елбасан,сепак тие ќе играат, но на силниот меѓународен турнир кој ќе се одржи во Хрватска, во близина на Загреб.
Покрај нашата млада селекција и репрезентацијата на Албанија, на овој турнир ќе настапат и У-21 селекциите на Хрватска и С. Арабија, а ќе започне на 22 септември со мечот Хрватска – С. Арабија.
Македонија на 23 септември ќе игра со Албанија, а победниците на овие два натпревари ќе играат за првото место, додека поразените за трето место. Овие мечеви за пласман се играат на 26 септември.
Секако дека ова ќе биде уште една одлична проверка за избраниците на селекторот Драган Канатларовски пред наредните квалификациски циклуси.