Фудбалерите на баварскиот гигант направија фотосесија во пресрет на Октоберфест, каде секоја година се пијат милиони литри пиво. Играчите позираа во традиционална облека, (кратки кожени панталони), хеланки, чевли и секако со пиво во рака.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане (30), кој во летниот преоден рок дојде во Баерн Минхен во трансфер вреден 40 милиони евра, одби да се фотографира со пиво, со оглед на тоа дека е од исламска вероисповед.
Иако изгледаше малку чудно, Мане ја зазеде позицијата и го сликаше, а фановите го поддржаа што се држи до своите верувања.
Од истата причина, мароканскиот десен бек Нусаир Мазрауи, кој исто така неодамна премина во Баерн, нема пиво во рака.
#Anzeige | Tracht statt Trikot: Unser Team beim traditionellen Lederhosen-Shooting von #Paulaner! 📸🤩🍻#FCBayern #MiaSanMia pic.twitter.com/BWnXaxLX4W
— FC Bayern München (@FCBayern) August 29, 2022