Шаќири: Не вреди да се навраќаме на тоа што поминало, утре во Кавадарци одиме по трите бода!

609

Факт е дека Шкендија не ја започна новата сезона во ПМФЛ како што се очекуваше. Само две победи, едно реми и пораз и освоени 7 бодови од можни 12. Секако дека голем удар беше поразот завчера во Струмица, каде тетовци беа надиграни и заслужено загубија од Струга ТЛ со 0:2.

За причините за ваквиот старт за „Спортмедиа“ коментира стратегот на тетовци Артим Шаќири.

Да, вистина е дека против Струга ТЛ не бевме на она посакувано ниво и заслужено загубивме. Факт е дека можевме и требаше повеќе во изминатите четири кола, но сега не вреди да се навраќаме на тоа што било. Причините ќе ги бараме во нашите редови. Можеби сеуште сме во шок по онаа несреќна елиминиција на пенали од Европа, но мораме под итно да се вратиме и фудбалски и психички. Утре играме со Тиквеш во Кавадарци, не е тајна дека одиме по трите бода. Го респектираме домашниот состав, но ние не криеме дека сакаме победа, сакаме три бода, тука нема дилеми“ вели Артим Шаќири.

ПретходноЛегендарниот шахист откри: Во Реал ме тераа да кажам дека Роналдо е најдобар!
СледноБо Мекејлеб во ТОП 10 натурализирани кошаркари во историјата на Евробаскетот: Веднаш и кажав “ДА“ на Македонија!