Ѓорговски: Веспрем е великан, ќе дадеме максимум

128

Младиот Емилијан Ѓорговски кој од оваа сезона е нов член на вицешампионот Е. Пелистер, пред утрешното заминување за Задар на Ф4 турнирот од СЕХА лигата ги сподели своите очекувања од првиот настап на битолчани на завршниот турнир.

„Ги почнав подготовките со Еурофарм Пелистер и продолжив со нив. Напорно трениравме во Маврово, турнирот во Струга го минавме одлично и така продолживме. Добив минутажа против Мешков Брест и одиграв максимално колку што можам. Ја остваривме целта и сега сме пред првиот историски настап на Ф4 во СЕХА лигата во Задар. Се гледа дека во тимот има повеќе хармонија, дружељубивост и борбеност. Веспрем е великан, бранител на СЕХА-титулата. Ќе дадеме максимум и ќе се бориме да го добиеме тој натпревар“, вели младиот Ѓорговски.

ПретходноШампионот во бледо издание, Сасуоло промаши пенал за победа
СледноДарко Велковски е нов фудбалер на Ал Етифак од С. Арабија