Анри си купи клуб од Серија Б

397

Легендата на Арсенал и францускиот фудбал Тиери Анри од сега е акционер во италијански Комо и ќе биде косоптвеник. Веста беше соопштена на специјална прес-конференција на која присуствуваше извршниот директор на клубот и поранешен капитен на Челзи, Денис Вајс.

„Ова е нов чекор во мојот живот. Знам колку луѓето овде го сакаат фудбалот. Многумина доаѓаат да го видат езерото и прекрасниот град, но сега сакам да зборувам за фудбалскиот проект. Долго чекав таква можност. Комо има амбиции и што е најважно, ги дели истите вредности како мене. Ова не е само фудбалски клуб, туку структура која му помага на општеството“, рече Анри. 

Тој додаде дека ќе продолжи со работата како помошник селектор на белгиската репрезентација.

Комо е поддржан од индонезиски концерн за цигари. Последен пат тимот беше дел од Серија „А“ во 2003 година. Во 2016 година Комо банкротираше и отиде во четвртата дивизија. Минатата сезона тимот заврши на 13. место во Серија „Б“.

Во Комо игра поранешниот соиграч на Анри Цеск Фабрегас, кој е и акционер во клубот. Поранешниот шпански репрезентативец синоќа дебитираше како резерва во поразот на домашен терен од Бреша со 0:1.

ПретходноУникс Казан го пречека Димитријевиќ: Едвај чекам да го одиграм првиот меч (ВИДЕО)
СледноЛегендарниот шахист откри: Во Реал ме тераа да кажам дека Роналдо е најдобар!