Бо Мекејлеб во ТОП 10 натурализирани кошаркари во историјата на Евробаскетот: Веднаш и кажав “ДА“ на Македонија!

343

Лестер Бо Мекејлеб засекогаш ќе остане „Македонецот Бошко“, како што милуваат да го нарекуваат фановите во нашата земја по се она што направи тој за нашата кошаркарска репрезентација, посебно на ЕП 2011 кога го освоивме четвртото место. Тој е наша легенда, тука нема никакви дилеми.

Инаку според литванската интернет страница “Баскет Њуз“, тој се најде во ТОП 10 натурализирани кошаркари кои придонеле за успехот за своите репрезентации. Поточно Мекејлеб го зазема 4. место.

Пред него се ЏР Холден (Русија), Грегори Фучка (Италија), Ентони Рандолф (Словенија), а после нашиот Мекејлеб на оваа листа се и Вејн Брабендер (Шпанија), Чичо Сибилио (Шпанија), Никола Миротиќ (Шпанија), Серж Ибака (Шпанија), Крис Каман (Германија) и ЕЏ Слоутер (Полска).

Навистина Бо се најде во фантастично друштво.

Играв во Србија и добив повик од Македонија, да играм за нив. Не прашував многу, ниту размисливав, веднаш кажав ДА. Летнав за Скопје следниот ден“ истакнува Бо за „Баскет Њуз“.

Ние можеме само да се гордееме што еден таков кошаркар играл за Македонија.

ПретходноШаќири: Не вреди да се навраќаме на тоа што поминало, утре во Кавадарци одиме по трите бода!
СледноОд трансферите на Антони и Касемиро во Јунајтед еден бразилски клуб ќе добие околу 25 милиони евра!