Еден од најамбициозните второлигашки состави оваа сезона во ВМФЛ, екипата на Гостувар по само две кола остана без тренер.
Како што објавија во кусото соопштение од клубот, досегашниот предводник на гостиварчани, Октај Дерелиоглу си поднел оставка на позицијата и веќе од утре нема да ги води тренинзите на тимот.
Клупското раководство веќе во наредните денови треба да излезе со ново тренерско решение.